ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА ТРГНА СО ТРИУМФ

Металург лесно против Пролет на стартот на плеј-офот

Ракометарите на Металург на домашен терен го совладаа Тинекс Пролет со 36-25 во првиот меч од плеј-офот.  

објавено: 23 март 2018 - 21:52

Ракометарите на Металург на домашен терен го совладаа Тинекс Пролет со 36-25 во првиот меч од плеј-офот. Избраниците на Александар Јовиќ максимално ја оправдаа фаворитската улога, по првото полувреме имаа позитива од шест гола 17-11. До крајот беше само рутина.

Филип Кузмановски со седум погодоци беше најефикасен во редовите на Металург, два гола помалку имаше Халил Јагањац, на другата страна Мартин Манасков имаше седум погодоци.

Во останатите мечеви од првото коло утре се игра битолското дерби помеѓу Еурофарм Работник и Пелистер, додека Вардар е гостина на Охрид.

 

Најново во Ракомет