БЕЗ ПРОМЕНИ ВО АВОТКОМАНДА

Металург моли за трпение, ракометарите разочарано се разидоа

Ултиматумот не донесе промени во Автокоманда и покрај заканата на играчите дека нема да тренираат, ниту пак дека нема да играат мечеви во продолжение доколку челниците не ги подмират заостанатите долгови.

објавено: 7 февруари 2018 - 20:26

Рокот истече! Заканите од прва не вродија плод, ракометарите не ја постигнаа целта. На вечерашниот тренинг од нив било побарано да бидат трпеливи, долговите кои челниците на клубот ги имаат кон нив во моментов најверојатно не може да бидат подмирени преку ноќ, особено во време кога Металург се соочува со голема финансиска криза.

Оваа информација дополнително ги разочара ракометарите на тимот од Автокоманда, кои салата ја напуштиле без да си разменат по некој збор, а уште помалку да се договорат дали утре ќе продолжат со тренинзи или ќе останат на зборот и ќе го започнат најавениот штрајк, дознава „Спортмедиа“.

За постетување по завршување на дуелот со Војводина, капитенот, Филип Кузмановски пред новинарите откри дека досега имаат земено само една плата. Македонскиот репрезентативец тогаш му даде рок до среда на газадата на Металург до денеска и потенцира дека нема намера да продолжи да тренира, а уште помалку да игра доколку не види промени во однос на финансискиот дел.

Во меѓувреме останатите клубови веќе испратија понуда до дел од играчите на Металург, кои можат слободно да преминат во друга средина. 

Дали Металург ќе стави клуч на вратата ќе биде познато утре по првиот тренинг...

Најново во Ракомет