ЕХФ ЌЕ РЕШАВА ЗА СРПСКИОТ РАКОМЕТАР

Металург не попушта, Обрадовиќ го чека суспензија

Еден од најдобрите играчи, Немања Обрадовиќ, го чека суспензија. Откако српскиот интернационалец не се појави на подготовките во Автокоманда, бидејќи потпиша договор со Висла Плоцк и покрај тоа што имаше уште еднагодишна обврска кон Металург, за случајот ќе решава ЕХФ.

објавено: 4 август 2017 - 11:45

Српскиот интернационелц Немања Обрадовиќ, кој лани беше еден од најдобрите поединци во составот на Лино Червар, веќе ги започна подготовките со неговиот нов тим Висла Плоцк. Иако тој доби покана за подготовките на Металург, сепак не се појави во Скопје, ќе добие суспензија, па случајот ќе оди на арбитража во ЕХФ.

Тимот од Автокоманда смета дека има уште една година договор со него и побара оштета, а Обрадовиќ смета дека е слободен играч и двете страни не попуштат во својот став, па логично е решението да се побара во Виена, во канцелариите на ЕХФ.

Металурзи денеска заминуваат во Маврово и таму ќе останат седум дена, по што ќе се преселат во Струга, каде што ќе бидат дел од 45. издание на струшкиот традиционален турнир. Таму ќе одиграат три натпревари (против Струга и Шарт плус натпревар за пласман) што веројатно ќе бидат последни тестови за првиот дуел од новата сезона против Вардар во СЕХА Лигата.

Најново во Ракомет