Металург се поднови: Палевски и Велковски станаа сениори

Кадетските репрезентативци потпишаа четиригодишни стипендиски договори со првиот тим на Металург, но сезоната ќе ја завршат во Металург јуниор

објавено: 9 март 2014 - 08:02

Екипата на Металург продолжи со практиката да го освежува првиот тим со млади ракометари од Металург јуниор. Четиригодишни стипендиски договори вчера потпишаа левото крило Давор Палевски и десниот бек Мартин Велковски. И двајцата се кадетски репрезентативци со солиден придонес во својата селекција и затоа следниот чекор во нивните кариери е професионален договор со серниорскиот тим.

„Среќен сум што добив шанса да напредувам во кариерата. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на клубот. Ќе се трудам да ја оправдам довербата и да постигнувам уште подобри резултати“, изјави Велковски. И тој и неговиот соиграч сезоната ќе ја довршат во Металург јуниор.

„Пресреќен сум што раководството на Металург го препозна мојот талент и ми даде можност да потпишам стипендиски договор. Ќе се трудам и во иднина да ја оправдам довербата и да вратам со уште подобра игра. Металург е голем клуб и особена чест е да настапуваш во негов дрес“, додаде Палевски.

Палевски наполни 17 години во февруари, а Велковску в понеделник ќе го слави последниот малолетен роденден. Заедно со браќата Манаскови, браќата Маџовски, Нелоски и Талевски, тие претставуваат големи таленти на македонскиот ракомет врз кои треба да се градат долгорочна иднина.

Најново во Ракомет