Шампионот ја продолжи соработката со плејмејкерот

Лекиќ останува уште две години во Вардар

„Не би останала доколку не сум задоволна. Не постои нешто што не ми одговара во клубот. Сакам да го напаѓам врвот а Вардар тоа ми го обезбедува" изјави Лекиќ

објавено: 17 февруари 2017 - 10:51

Андреа Лекиќ и во наредните две сезони ќе го носи „црвено-црниот" дрес на Вардар. Плејмејкерот денеска ја продолжи соработката со македонскиот шампион и со тоа го реши прашањето околу својата иднина.

„Не би останувала доколку не сум задоволна. Со овие две години моето останување во Вардар ќе биде шест сезони, и тоа е најмногу што сум се задржала во некој клуб досега. Ова значи сѐ. Не постои нешто што не ми одговара во клубот. Играме и добро, и поставените цели се исти, па тоа е она што те влече напред. Сакам да го напаѓам врвот, а Вардар тоа постојано ми го обезбедува, за да бидеме секогаш напред" изјави Лекиќ за клупскиот сајт.

Раководството на Вардар претходно ја продолжи соработката со Татјана Хмирова, Андреа Кликовац на две натпреварувачки години, додека Барбара Лазовиќ ќе остане уште една година во Скопје.

Најново во Ракомет