Убава глетка во Битола

„Младост“ блеска, Пелистер и Металург на мегдан пред полни трибини (ФОТО+ВИДЕО)

Битолските навивачи и овој пат ја покажаа својата неизмерна љубов кон клубот, а реновираната сала „Младост" е преполна за дербито против Металург

објавено: 6 април 2017 - 19:13

Кога игра Пелистер цела Битола живее за тие моменти. Така е и овој пат каде што реновираната сала „Младос" со новите столчиња е максимално исполнета за ракометниот дуел против Металург. Дуелот од второто коло во плеј-офот од Супер лигата ја наполни салата и им дава голем мотив на домашните ракометари кои играат одлично во првиот дел од мечот.

Како што и беше најавено, тимот од Автокоманда е значително ослабен бидејќи тренерот Лино Червар не допатува во Битола поради здравствени проблеми.

Најново во Ракомет