АНА МАРИЈА БОЖИНОВСКА ЗА „СПОРТМЕДИА“

Може ли ЖРК Металург да ја прекине доминацијата на Вардарки?

Ракометарката на ЖРК Металург ги сподели очекувањата во пресрет на наредната натпреварувачка сезона 2018/19.

објавено: 12 јуни 2018 - 14:30

Женскиот ракометен клуб на Металург и оваа година мораше да се задоволи со вицешампионската титула зад ЖРК Вардар кој од наредната сезона ќе настапува без најдобрите кои го носеа клубот до финалето во ЛШ двапати по ред.

Од претходно е донесена одлука дека Вардарки ќе настапат со млади македонски ракометарки, па се поставува прашањето сега дали трката за титулата ќе стане многу поинтересна во македонската женска Суперлига.

Секако еден од главните кандидати зад „црвено-црните“ досега секогаш бил тимот од Автокоманда кој дефинитивно ќе се обиде повторно после шест години повторно се најде на врвот во првенството.

Директно ни говореше една од најефикасните ракометарки на ЖРК Металург, Ана Марија Божиновска која ги коментираше своите настапи оваа сезона и ги сподели амбициите за наредната 2018/19.

„Металург е помеѓу првите најдобри клубови во Македонија за градење на млади играчи, како нас, а наша заедничка цел е да создадеме индивидуален и покрај тоа колективен успех. 

Од својата улога меѓу другите, и секако настапите сум задоволна. Простор за напредок секако има и се надевам дека ќе продолжиме со истиот, ако не и побрз ритам досега.

За конкурентноста Металург-Вардар нема многу да коментирам, бидејќи секогаш постоела, а и ќе постои. Тоа е тоа што не води да се стремиме кон поголеми цели, да собираме искуство од квалитетни натпревари и да се развиваме како играчи“, ни изјави ракометарката на ЖРК Металург, Божиновска.

Таа смета дека Металург е клуб што заслужува да се врати на победничкиот пат и како млади ќе се потрудат максимално тоа да се оствари.

Најново во Ракомет