НЕМА ПРЕНОС НИТУ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Не е само фудбалот: Вардар и Металург нема да ги гледаме на МТВ

Лоша вест пред првите настапи на Вардар и Металург во новата сезона во Лигата на шампионите. Македонската Радио Телевизија нема да врши пренос на натпреварите од елитното натпреварување. 

објавено: 13 септември 2018 - 17:00

Не само фудбалската репрезентација, Македонската Радио Телевизија нема да ги пренесува ниту натпреварите од новата сезона во Лигата на шампионите. На два дена пред првите дуели на Вардар и Металург стигна лоша вест. 

Договорот меѓу МТВ и ЕХФ завршил, а причина за прекинување на соработката е големата сума на пари која европската куќа на ракометот ја побарале од нашиот национален сервис за пренесување на натпреварите.

Вардар во сабота му гостува на Монпелје, а додека Металург на Спортинг Лисабон, двата дуели најверојатно ќе ги пренесува Арена Спорт.

Најново во Ракомет