МЕТАЛУРГ ПОКАЖА ГОЛЕМА НЕМОЌ

Не личи на дерби: Вардар победи со 19 разлика

Требаше да биде интересно градско дерби, меѓутоа гледачите видоа само полесен тренинг за Вардар. „Црвено-црните" го разнесоа Металург во „Јане Сандански" со 37-18 во рамките од 5 коло од домашното првенство и го отворија патот до нов шампионски трофеј.

објавено: 4 мај 2018 - 22:15

Вардар покажа тотална доминација, а тимот на Александар Јовиќ не покажа никаков отпор. До средината на провото полувреме резултатот беше „тесен“, а потоа „црвено-црните" направија серија од 6:0 која го растури концептот на противникот односно го скрши нивниот отпор. Вардарци ја полнеа мрежата на противникот, Арпад Штербик се разбрани, а на полувреме направија предност од 18:9.

На почетокот на вториот дел момците на Раул Гонзалез повторно направија серија од 6-0 и отидоа на водство од 24-9. „Металурзите" првиот гол во вториот дел го постигнаа преку Кузмановски дури во шестата минута. Тоа само покажува како стоеја работите на теренот.

Во 55 минута Вардар поведе со 20 голови разлика (35-15), а конечниот резултат е 37-18.


Тоа е прв пораз на Металург во плеј-офот, а Вардар има пет од пет.
Најефикасен на мечот беше Кањелас и Чупиќ од Вардар со по шест голови, Дибиров и Шишкарев дадоа по пет, а Македа четири. Кај Металург најефикасен беше Јагањац со четири, а по три гола постигнаа Токиќ и Серафимов.

Голманот на Вардар Арпад Штербик имаше девет интервенции. А единствена светла точка кај вицешампионот беше голманот Мартин Томовски кој запиша 10 одбрани.

 

Најново во Ракомет