УШТЕ ЕДНО ЗАМИНУВАЊЕ ОД ТАБОРОТ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

Не се изнаигра во Вардар, шансата ќе ја бара во Романија

Марија Петровиќ е последната ракометарка од овој состав на македонскиот шампион која следната сезона ќе ја гледаме во друг клуб. 

објавено: 18 април 2018 - 12:00

Марија Петровиќ е последната ракометарка од овој состав на македонскиот шампион која следната сезона ќе ја гледаме во друг клуб. Српската интернационалка се сели во Романија, во дресот на Валчеа, кој некогаш играше во финалето на Лигата на шампионите.

Петровиќ во ЖРК Вардар дојде минатата сезона, а поголем дел од мечевите особено во елитното натпреварување ги преседе на клупата, сосема логично бидејќи на пикерската позиција македонскиот тим ги има Драган Цвијиќ и Андреа Чанаџија. 

Србинката претходно настапуваше за екипите на Наиса Ниш и Бекамент Буковичка Бања.

 

Најново во Ракомет