ЛИСТА НА НАЈЕФИКАСНИТЕ ВО МАК-РАКОМЕТОТ

Ни Вардар ни Металург, најдобриот стрелец во Супер лигата доаѓа од - Радовиш!

По завршувањето на сезоната во македонската ракометна Супер лига, може да се направи статистичка анализа и приказ на најдобрите стрелци од оваа втора фаза, плејоф и плејаут. Бројките велат дека првиот голгетер не доаѓа ниту од Вардар ниту од Металург, туку од Радовиш.

објавено: 2 јуни 2016 - 08:26

Најдобар стрелец во македонското ракометно првенство за сезоната 2015/16 е плејмејкерот на Радовш, Ивица Илиев. Тој постигна 92 гола во плејаут-фазата или 9,2 по натпревар, а ако на ова се додадат и 144-те од првиот дел на сезоната, доаѓаме до вкупна бројка од 236 гола. Во првата фаза од првенството повеќе од него имаше само Вања Илиќ - 145.

Сепак, со оглед дека во плејоф и плејаут-фазата учествуваа сите екипи, вклучувајќи ги Вардар и Макс Струмица, во анализава подолу се пресметани тие 10 кола. Според неа, далеку зад Илиев на второто место е Стефан Дрогришки од Пелистер, исто така среден бек, со 78 гола.

Најефикасен ракометар од плејоф-фазата, каде што конкуренцијата беше неспоредливо посилна е Мирко Мајиќ, левото крило на Макс Струмица со 74 гола постигнати на девет меча. Втор е репрезентативецот Филип Талески со 60 гола, а дури потоа доаѓа првиот голгетер на шампионот Вардар, Дејан Манасков, со 55 гола, колку што има Вања Илиќ од Работнички.

Најдобриот напад во лигата го има Вардар со 37,9 постигнати гола во просек, на десетте натпревари, а најдобро се бранел Металург, со 22,9 примени по натпревар.

 

ТОП-5 СТРЕЛЦИ ПЛЕЈОФ
1. Мирко Мајиќ (Макс Струмица) 74 / 8,2 во просек
2. Филип Талески (Металург) 60 / 6
3. Вања Илиќ (Работнички) 55 / 6,1
3. Дејан Манасков (Вардар) 55 / 5,5
5. Борче Соколов (Макс Струмица) 53 / 5,9

ТОП-5 СТРЕЛЦИ ПЛЕЈАУТ
1. Ивица Илиев (Радовиш) 92 / 9,2
2. Стефан Дрогришки (Пелистер) 78 / 7,8
3. Ласко Андоновски (Пролет) 69 /6,9
4. Димитар Димитриоски (Металург 2) 64 / 7,1
5. Горјан Анастасовски (Борец) 49 / 5,4
5. Миле Ордев (Радовиш) 49 / 5,4

ТОП-3 ОД РЕГУЛАРНАТА СЕЗОНА
1. Вања Илиќ (Работнички) 145
2. Ивица Илиев (Радовиш) 144
3. Димитар Димитриоски (Металург 2) 115

ТОП-3 ОД СЕКОЈА ЕКИПА

ВАРДАР: Дејан Манасков 55, Данил Шишкарев 46, Хорхе Македа 37

МЕТАЛУРГ: Филип Талески 60, Марко Бувиниќ 33, Марко Матиќ 31

МАКС СТРУМИЦА: Мирко Мајиќ 74, Борче Соколов 53, Златко Везенковски 35

ПРИЛЕП: Пеце Ѓорѓиоски 43, Дмитри Турченко 43, Јован Талевски 41

ОХРИД: Дарко Павловиќ 46, Елдин Вражалица 45, Горан Печенковски 30

РАБОТНИЧКИ: Вања Илиќ 55, Немања Марсениќ 46, Златко Мојсовски 43

ПЕЛИСТЕР: Стефан Дрогришки 78, Богдан Николиќ 44, Реваз Чантурија 43

ВАРДАР ЈУНИОР: Ристо Вујачиќ 41, Александар Тренчевски 34, Мартин Манасков 25

РАДОВИШ: Ивица Илиев 92, Миле Ордев 49, Бобан Блажевски 40

ПРОЛЕТ: Ласко Андоновски 69, Стефан Трајковски 38, Стефан Стојановски 33 

БОРЕЦ: Горјан Анастасовски 49, Ивица Лазаровски 45, Зоран Стојановски 35

МЕТАЛУРГ 2: Димитар Димитриоски 64, Мице Шилегов 32, Дејан Гошевски 27

 

ПЛЕЈОФ НАПАД
1. Вардар 37,9
2. Металург 29,7
3. Прилеп 27,3
4. Макс Струмица 26,9
5. Охрид 25,7
6. Работнички 25,2

ПЛЕЈОФ ОДБРАНА
1. Металург 22,9
2. Вардар 24,4
3. Охрид 27,5
4. Прилеп 31,8
5. Работнички 32,7
6. Макс Струмица 33,4

ПЛЕЈАУТ НАПАД
1. Пелистер 29,3
2. Радовиш 29,2
3. Вардар јуниор 28,4
4. Борец 25,4
5. Пролет 25,2
6. Металург 2 24,3

ПЛЕЈАУТ ОДБРАНА
1. Вардар јуниор 24
1. Пролет 24
3. Пелистер 26,5
4. Борец 27,5
5. Радовиш 27,5
6. Металург 2 32,4

 Владко Арсов

Најново во Ракомет