Металург без конкретен одговор околу иднината на Хрватот

НИШТО НОВО НА ЗАПАД: Червар дојде, бара трпение

Откако и официјално беше претставен за нов селектор на хрватската репрезентација, искусниот стратег дојде во Скопје за да ја расчисти последната дилема: Дали ќе остане во Металург?

објавено: 20 март 2017 - 14:42

Лино Червар повторно ја разбранува македонската јавност. Откако во саботата и официјално беше претставен за нов селектор на хрватската репрезентација, искусниот стратег пристигна во Скопје да ја расичисти последната дилема - ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ВО МЕТАЛУРГ.

И повторно излегоа лавина од информации..., а Червар, како Червар засега не е отворен за македонската јавност, бара трпение.. и покрај тоа што неофицијално, вчера, имал и разговор со сопственикот на Металург, Минчо Јорданов. 

„Стрпете се два дена", е единствениот одговор што „Македонски спорт“ успеал да го добие во обидот да го исконтактира Червар.

Ниту во Металург нема официјална информација околу статусот на Червар, дали ќе ги одработи последните два месеца, дали ќе остане повеќе...Доколку хрватскиот стратег требаше да си замине најверојатно македонските медиуми веднаш ќе беа информирани...токму ова е причината за шпекулациите дека Червар сепак ќе остане на „кормилото“ на Металург.

Трпение спасение - до утре најдоцна треба да заврши новиот циркус приреден од страна на Червар...

 

 

Најново во Ракомет