Првакот немаше мака

ОЧЕКУВАНА ДОМИНАЦИЈА: Вардар „експрес“ мина преку Радовиш

Шампионот на Македонија со убедливата победа над Радовиш од 44:19 се најде меѓу четирите екипи во купот каде што во полуфиналето ќе игра против Металург

објавено: 16 мај 2017 - 21:52

Вардар демонстрираше сила и квалитет во мечот против Радовиш кој го доби со 44:19 во рамките на четврт-финалето од Купот на Македонија. „Црвено-црните" како што и се очекуваше немаа проблеми да обезбедат настап на ф4 турнирот кој викендов се игра во Битола. Вардар за опонент ќе го има Металург.

Само во првите напади, Радовиш можеше да се пофали дека дојде до водство, но,потоа, локомотивата тргна, а на крајот изброја до 44 погодоци.

Најефикасен беше Шишкарев со 10 голови, додека кај домаќините Соколов изброи до седум.

Најново во Ракомет