На конференцијата на клубовите од Првата лига, моментот на кој најмногу се задржаа претставниците беа немилите настани на крајот на сезоната, кои резултираа со крајно неспротски сцени и енормни казни на играчи и на клубови.
„Два натпревари го расипаа впечатокот на целата сезона, Текстилец - Вардар Неготино и Куманово - Спартак. Ова раководство на РФМ не дозволува неспортско однесување и во иднина казните ќе бидат уште поригорозни, со засилени санкции и предлог промени во Дисциплинскиот правилник, кои ќе одат на разгледување на Управниот одбор на РФМ. Ова е ракомет, не е бокс.
Целта е сите екипи да имаат исти и рамноправни услови, да се игра ракомет и да нема попусти за никого" - дециден беше Камер Металари, комесар за натпреварување при РФМ.