Битолчани го потврдија новиот тренер

ОФИЦИЈАЛНО: Бошковски две сезони во Работник

Битолскиот тим кој има високи амбиции ја потврди соработката со новиот тренер која ќе биде со времетраење од две години

објавено: 22 декември 2016 - 19:20

Како што и се најавуваше, Андон Бошковски и официјално е назначен за нов тренер на Еурофарм Работник. Битолскиот тим кој има високи амбиции, во наредните две години ќе биде предводен од Бошковски.
Стратегот кој во својата кариера ги има предводено Вардар и Металург, сезоната ја започна во Романија. Воедно досегашните тренери Александар Зарков и Иван Марковски исто така ќе останат во овој колектив.

Најново во Ракомет