КАПИТЕНОТ ОСТАНА ВЕРЕН НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

Официјално: Стоилов во Вардар и во следните две години

„Спортмедиа“ уште пред еден месец најави ваков расплет на настаните со капитенот на Вардар, и покрај шпекулациите во последно време дека ќе потпише за Киелце

објавено: 16 мај 2018 - 16:00

Нема ништо од трансфер на Стојанче Стоилов во полскиот Киелце. Тој ја продолжи верноста со Вардар на уште две години, односно до 2020 година. Со тоа се ставаат крај на сите шпекулации околу неговата иднина кои кружеа во последните денови. 

За новиот договор на Стоилов, „Спортмедиа“ најави уште пред еден месец кога пишуваше дека капитенот на Вардар ќе ја продолжи верноста. Со тоа паѓаат во вода шпекулациите кои се појавија во изминатиот период за негово заминување од таборот на македонскиот ракометен првак. 

Најново во Ракомет