РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ДОАЃА ВО БИТОЛА

Ојлески потпиша за Работник

По две години поминати во романското првенство, Гоце се враќа на домашна сцена

објавено: 21 јуни 2017 - 13:10

Македонскиот репрезентативец Гоце Ојлески е нов играч на екипата на Работник. Левото крило ќе ги брани боите на битолскиот тим во следните две години. Претходно Ојлески две сезони настапуваше за романскиот Одорхеи. 

Ојлески сега се враќа во македонското првенство, а прв пат ќе игра во битолскиот клуб. Пред да замине во Романија, Гоце ги бранеше боите на двата најдобри клуба во Македонија, Металург и Вардар. 

Најново во Ракомет