КОМПЛЕТИРАН ИЗГЛЕДОТ НА Ф4 ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

ОПУШТЕНО ДО ПОЛУФИНАЛЕ: Вардар експресно заврши работа

Очекувано, бранителот на титулата Вардар го комплетираше полуфиналното друштво од Купот на Македонија, каде од претходно пласман обезбедија Металург, Еурофарм Работник и Пелистер

објавено: 7 мај 2018 - 19:44

Бранителот на титулата, Вардар, очекувано е последниот патник на Ф4 во Купот на Македонија. Вардаровите ракометари кои поради настапот во четвртфиналето од Лигата на шампионите мораа да го одложат натпреварувањето во групата од четвртфиналната фаза, на која воедно и беа домаќини, опуштено и без посериозни проблеми ја елиминираа конкуренцијата.

Во финалниот меч, вардарци со 53:17 (28:11) го совладаа Металург Јуниор.
Неколку часа порано „црвено-црните" го елиминираа Металург 2 со 52:24 (27:12), додека во второто полуфинале Металург Јуниор приреди пријатно изненадување победувајќи го суперлигашот Борец со 31:29 (12:13).

Вардар на Ф4 турнирот, кој е закажан за 19 и 20 мај е во друштво на Металург, Пелистер и Еурофарм Работник.
Организаторот на финалниот турнир во Купот на Македонија, како и одржувањето на полуфиналната ждрепка дополнително ќе бидат дефинирани.

Најново во Ракомет