НОВИ ПОТПИСИ ВО БИТОЛА

Пелистер ги продолжи договорите со Митревски, Димитровски и Чантурија

И следната сезона тимот на Пелистер ќе ја има на располагање "битолската тројка" .

објавено: 23 јуни 2018 - 14:05

Клубот е задоволен од игрите на бекот Митревски , пикерот Димитровски и крилото Чантурија и токму затоа реши да им понуди нови едногодишни договори, што беа прифатени од страна на играчите и се стави крај на шпекулациите дека го напуштаат матичниот Пелистер.

Матичен за Кире Митревски и капитенот Васко Димитровски кои потекнуваат од пелистерската ракометна школа. Синонимот битолчанец го има и крилото Реваз Чантурија кој е "битолски зет". Претходно од постоечкиот тим договорите ги продолжија крилото Никола Ивановски и пикерот Костадин Петров кој во моментов е со репрезентацијата на Македонија на Медитеранските Игри 2018 .

Управата на РК Пелистер заедно со тренерот Томе Петрески продолжуваат со градење на респектабилен тим за новата натпреварувачка сезона пред стартот на летните подготовки.

Најново во Ракомет