По „киксот“ против Металург 2

Пелистер најавува подобри резултати

„Во името на играчите на пелистер сакаме да им се извиниме на нашата управа, тренер и првенствено на сите љубители на битолскиот ракомет, како и нашите навивачи" пишува меѓудругото во ова обраќање на ракометарите

објавено: 2 ноември 2016 - 14:55

Еден од најсериозните кандидати за пласман во плеј-офот, Пелистер иако ги има сите потребни услови, сепак, резултатите не се на дотолку посакуваното ниво. Чашата се дополни и со нерешениот исход против Металург 2, тим кој требаше лесно да биде минат. Така, ракометарите на Пелистер излегоа со соопштение, во кое се извинуваат за лошите резултати, и најавуваат подобрување во иднина.

„Во името на играчите на Пелистер сакаме да се извиниме на нашата управа, тренер и првенствено на сите љубители на битолскиот ракомет и навивачите. Имаме одлични услови, но, и нов начин на работа која ја наметнува нашиот тренер во кого имаме целосна доверба. Слабите резултати не го отсликуваат она што ние можемме да го одиграме и го знаеме. Свесни сме за лошата игра, но, сакаме да додадеме дека е време да ја докажеме вистинската сила и резултатите кои ги сакаме, можеме, и подготвени сме да ги оствариме. Ова што го покажавме е премалку за тоа што го заслужува овој град и клубот. После дождот сонце изгрева, уште еднаш ние веруваме во вас, во тренерот, во управата. Сакаме и вие да верувате во нас" стои во соопштението на ракометарите на битолскиот тим.

Најново во Ракомет