РАКОМЕТАРИТЕ СЕ ВРАТИЈА ВО „МЛАДОСТ“

Пелистер подготвен за сефте против Металург (Фото+Видео)

„Зелено-белите“ вечерва од 19 часот играат против скопскиот тим 

објавено: 6 април 2017 - 13:59

Ракометарите на Пелистер се подготвени за сефтето на реновираната сала „Младост“. Битолчани денеска од 19 часот играат против Металург, во рамките од 2. коло во Суперлигата. „Зелено-белите“ очекуваат победнички да стартуваат, иако против себе имаат тежок ривал.

Пелистерци неколку дена тренираа во „Младост“, која доби нов сјај. Со нови семафори, зелено-бели столчиња на трибините и нов паркет, ракометарите ќе дебитираат во реновираната сала.

 

Најново во Ракомет