ПО СИГУРНИОТ ТРИУМФ НАД БОРЕЦ

Пелистер се врати на првото место

До новите бодови битолските „зелено-бели" стигнаа славејќи триумф против велешки Борец со резултат 29:25 (18-12), што е доволно за враќање на лидерската позиција на табелата.

објавено: 10 март 2017 - 19:50

Ракометарите на Пелистер стигнаа до својата 12. победа по 16. одиграни кола од Првата македонска лига. До новите бодови битолските „зелено-бели" стигнаа славејќи триумф против велешки Борец со резултат 29:25 (18-12), што е доволно за враќање на лидерската позиција на табелата.

Пред се затоа што по овој триумф, со 37, освоени бода Пелистер се врати на првото место на табелата. И тоа со три бода повеќе од Охрид, барем привремено со оглед на тоа што охриѓани утре го играат својот натпревар од оваа рунда, на гостински терен кај Прилеп 2010.
Битолчани постојано го контролираа натпреварот. практиЧно од првата минута наметнаа едне победниќки стил.. Во првот се создаде разлика која потоа само рутински се одржуваше во текот на сите 60 минути.Најефикасни во победничкиот тим беа Вујачиќ и Николиќ. И двајцата реализираа по шест погодоци.

Најново во Ракомет