Претходно објавивме дека Пелистер се ослободи од четири играчи, станува збор за Владимир Зејак, Мохсен Карамијан, Вук Перовиќ и Милош Рајчиќ. Повеќе можете да прочитате ТУКА
Две сезони со „сино-белите" играше во Лигата на шампоните во чие елитно натпреварување постигна вкупно 33 голови. Брестовац остана со хрватскиот интернационалец Анте Токиќ и Мице Шилегов на позицијата десно крило.
27-годишниот српски интернационалец Гуглета пред да се пресели во тимот од „Автокоманда", ги бранеше уште боите на Црвенка, Раднички и Војводина. Во редовите на Пелистер би бил замена за сонародникот Вук Перовиќ.