ПРОМЕНИ ВО ТАБОРОТ НА „ЗЕЛЕНИТЕ“

Плех ќе ја чува мрежата на Пелистер, Чантурија ја напушти Битола

Бонсанскиот репрезентативен голман, Харис Плех потпиша двегодишен договор со Пелистер. 

објавено: 19 јуни 2018 - 09:18

Битолчани продолжуваат со градење на тимот за новата сезона. Во таборот на Пелистер доаѓа младиот босански репрезентативен голман, Харис Плех, кој потпиша две годишен договор.

22-годишниот чувар на мрежата доаѓа од турскиот тим МЈК-Анкара, а претходно настапувал за ХИФК Хелсинки, АЕК Атина и матичниот МРК Горажде.

Претходно Пелистер го потпиша Милан Поповиќ, и ја продолжи соработката со Никола Ивановски и Костадин Петров, како и со Милош Рајчиќ и младинскиот репрезентативец голман на Црна Гора, Јагош Брауновиќ

Во следната сезона дресот на битолскиот тим нема да го носи десното крило Ревас Чантурија. Еден од најискусните ракометари не се договорри со управата на клубот. Покрај Чантурија, Пелистер го напуштија Теимураз Орјоникидзе, Михајло Митиќ, Жарко Чуриќ, Томислав Јагуриновски и Бојан Маџовски, двајцата се вратија во Металург.

Најново во Ракомет