ПОЗНАТ ТЕРМИНОТ ЗА ДЕРБИТО

ПОСЛЕДНА БИТКА СЕЗОНАВА: Металург и Вардар во 19:30 часот

Дербито меѓу Металург и Вардар во рамките на последното коло од плеј-офот е закажан со почеток во 19:30 часот. 

објавено: 29 мај 2018 - 15:45

Завршува и сезоната во домашниот шампионат. Во центарот на вниманието е дербито меѓу Металург и Вардар и покрај тоа што нема никакво резултатско значење, бидејќи „црвено-црните“ веќе одамна го подигнаа шампионскиот пехар.

Дуелот се игра утре со почеток во 19:30 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје, оваа сезона сите мечеви меѓу двата тима завршија во корист на Вардар, кој за последен пат во овој состав ќе настапи во нашиот главен град. 

За разлија од овој дуел, последните останатите два меча ќе се играат во четврток: Охрид - Пелистер и Пролет - Еурофарм. 

Најново во Ракомет