Супер лига

Преспа или Металург 2 на местото на Макс Струмица

Бараж натпревар ќе го даде името на последниот суперлигаш. Дуелот меѓу Преспа и Металург 2 ќе се одигра на 8 септември, најверојатно во Прилеп.

објавено: 30 август 2016 - 12:51

Преспа или Металург 2 ќе го потполнат последното место во Супер лигата кое му припаѓаше на вицешампион, Макс Струмица, кој поради финансиски проблеми се откажа од настап во македонскиот шампионат.

Бараж натпреварот ќе се игра на 8 септември, најверојатно домаќин ќе биде Прилеп.

Инаку на денешниот редовен состанок на РФМ со клубовите беа одредени термините и двојките за дуелите од Супер лигата. 

Најново во Ракомет