БИТОЛЧАНИ ОСТАНАА БЕЗ ЛЕВИОТ БЕК

Проблем за Пелистер, еден играч во „аут“

Левиот бек на Пелистер, Кире Митревски во следните неколку месеци ќе биде надвор од терените.

 

објавено: 19 ноември 2018 - 14:53

Левиот бек на Пелистер, Кире Митревски во следните неколку месеци ќе биде надвор од терените. Ракометарот на битолскиот тим на гостувањето кај Охрид при дуел со Димитриевски се пожалил на болки во коленото.

„Магнетната резонанца покажа дека станува збор за скинати лигаменти, а според првичните информации бекот го очекува долга пауза, тој ќе мора да оди на операција. Медицинското лице на РК Пелистер, Владе Николовски ја следи ситуацијата и но вториот ракометар кој се повреди на мечот со Охрид , младиот голман Бобан Ристевски за кого ќе мора да се направат дополнителни прегледи, по што ќе биде познато дали ќе настапи против Е.Работник“, се вели во соопштението на РК Пелистер.

Пелистер е на петото место на табелата во Супер-лигата со скор од шест победи и три порази. 

Најново во Ракомет