ГО ДОБИЈА ДУЕЛОТ СО ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

Пролет го чека европска авантура

Екипата на Пролет го совлада Еурофарм Работник во последното коло од Супер-лигата со 22-19 и обезбеди место во квалификациите за ЕХФ Купот. 

објавено: 31 мај 2018 - 21:15

Пролет го чека европска авантура. Ракометарите со победа над Еурофарм Работник 22-19 во рамките на последното коло од Супер-лигата го заверија местото во квалификациите за ЕХФ Купот. 

Избраниците на Никола Матлиески го диктираа темпото во текот на целиот меч, на полувремето имаа позитива од 11-10, а потоа во второто полувреме поведоа и со највисоки 21-17.

Ласко Андоновски и Влатко Јовчевски беа најефикасни кај домаќинот, двајцата постигнаа по пет гола, на другата страна Дејан Пецаковски имаше исто толку погодоци. 

Најново во Ракомет