ШЕСТА ПОБЕДА ВО НИЗА

Пролет со цел плен од Охрид

Пролет го совлада Охрид на гостински терен со убедливи 27-20 во рамките на десетото коло во Супер-лигата. 

објавено: 18 ноември 2018 - 21:09

Пролет ја забележа шестата победа во низа во суперлигашкото друштво, на гостувањето кај Охрид славеше со 27-20 и се искачи на третото место на табелата. По некомплетното десето коло, скопскиот тим има 21 бод исто колку и охриѓани, на втората позиција се наоѓа Бутел со три бода повеќе, додека лидерското место е резервирано за Еурофарм Работник.

Пролет до победата дојде благодарение на добрата игра во второто полувреме, откако по првите 30. минути имаше негатива од два гола. Домаќинот беше ослабен за Дарко Георгеивски и Славиша Димитријевски кои отслужуваа еден меч суспензија.

Мартин Манасков со осум гола ги предводеше гостите, на другата страна Крсте Андоноски постигна седум гола. 

 

Најново во Ракомет