ВЕТЕРАНОТ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Пукна првата „бомба“ - Ренато Вугринец нов ракометар на Работнички! (ФОТО)

Ветеранот Ренато Вугринец се врати во Македонија и од следната сезона ќе ги брани боите на Работнички од Скопје, клубот кој сериозно се наметнува како конкурент за највисоки дострели во македонскиот шампионат.

објавено: 6 август 2015 - 19:09

Онака како што најавивме пред еден месец, Ренато Вугринец е првата „бомба“ која одекна во Градски парк. Работнички предводен од Андон Бошковски вчера го одржа првиот тренинг и ги започна подготовки, а денес на собирот се појави и Словенецот. 

Вугринец доаѓа во Работнички од Лахвија, каде што играше заедно со Наумче Мојсоски, кој исто така вчера се појави на тренингот на Работнички, но репрезентативецот сѐ уште е слободен играч и нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата.

Најново во Ракомет