НОВИ ПРОМЕНИ КАЈ „РОМАНТИЧАРИТЕ“

Работнички ќе се „раздели“ со Стоилов и Левов?

По заминувањето на Велко Маркоски во Загреб, од екипата на Работнички на излезна врата се и Мите Стоилов и Милан Левов.

објавено: 2 декември 2015 - 22:47

Двајцата ракометари ги немаше на последниот дуел од домашното првенство против Металург, што „романтичарите" го загубија со 19-27 во 11 коло.

Стоилов има проблем со повреда на коленото и повеќе од сигурно е дека ќе мора на операција за да ги отстрани болките. Дури потоа ќе биде познато кога ќе се врати на теренот. Управата на Работнички ќе има разговор со Стоилов кога да го направи хируршкиот зафат, но многу веројатно е тоа да биде многу брзо. Тој сезонава настапи на 10 натпревари и постигна 17 гола. Повеќе има дефанзивни задачи, но знае често да биде и член на напаѓачката формација

Милан Левов од 3 коло сезонава е член на Работнички, играше на 7 натпревари и постигна 18 гола. Игра на позиција на десно крило и десен бек, а по едногодишна пауза повторно се активираше. Но, очигледно не ги задоволи критериумите на скопјани.

Скопјани се во потрага и потрага по два бека, на левата и десната страна. Имаа разговори со Дејан Пецаковски, но засега без конечен договор.

Најново во Ракомет