БИТОЛСКИОТ ТИМ НЕМАШЕ ПРОБЛЕМИ

Работник сигурно одработе во Купот

Фаворитот славеше против Младост од Богданци

објавено: 22 април 2017 - 14:00

Екипата на Работник Еурофарм без проблеми го доби дуелот против Младост од Богданци во Купот на Македонија. Битолчани, на свој терен, славеа со 30:21. Уште од првиот дел, Работник покажа дека е подобар тим, па на полувремето имаше предност од 14:10. 

Домаќините продолжија во исто темпо и во вторите 30 минути и ја зголемуваа предноста, па на крајот стигнаа до убедлива победа од девет гола разлика. Игор илиевски со 6 погодоци и Дарио Петровски со пет беа најефикасни кај победничкиот тим, додека најефикасен на теренот беше Митко Караиванов од Младост со 11 голови. 

Во салата „Младост“ во Битола, сега ќе се игра уште еден меч од Купот и тоа меѓу Пелистер и Вардар јуниор. 

 

Најново во Ракомет