Колумбиско засилување за Битолчани

Работник добива јужноамерикански шмек

Младиот Колумбиец игра на позицијата лев бек и доаѓа како замена за повредениот Дејан Пецаковски

објавено: 2 март 2017 - 18:10

Колумбискиот ракометар Сантијаго Москера е најновото засилување на Суперлигашот Еурофарм Работник. Станува збор за ракометар кој игра на левата бековска позиција а ќе го замени повредениот Дејан Пецаковски.

Москера е 19-годишен Колумбиец кој пред неколку дена пристигна во Битола, каде што во наредните саати треба да биде претставен во битолскиот тим.

Доколку се биде решено во најбрз период, овој ракометар треба да биде на располагање за мечот против Металург јуниор.

Најново во Ракомет