ФРАНЦУСКИОТ ТИМ И НАТАМУ БЕЗ ПОРАЗ

Раул двапати не греши, ПСЖ му одржа лекција на Фленсбург

ПСЖ дојде до осмата победа во низа, откако на гостувањето кај Фленсбург славеше со 27-20 во рамките на осмото коло во Лигата на шампионите. 

објавено: 14 ноември 2018 - 20:16

На избраниците на Раул Гонзалез им беа потребни само три дена да ги поправат грешките од дуелот во Париз и вечерва на гостувањето кај Фленсбург (тимот кој во минатото коло за малку ќе ги добиеше) да потврдат зошто се еден од најсериозните кандидати за освојување на титулата.

Патот до осмата победа во Лигата на шампионите овој пат беше далеку полесен, францускиот тим доминираше во текот на целиот меч, по 9-12 на полувремето, на крајот славеше со 27-20. 

Хансен и Генсхајмер беа најефикасни во редовите на ПСЖ, заедно постигнаа 11 погодоци. 

Со овој триумф ПСЖ дефинитивно до крајот на групната фаза има големи шанси да остане на првото место кое носи директен пласман во четвртфиналето. 

Најново во Ракомет