„МЛАДОСТ“ ЌЕ БЛЕСНЕ ВО НОВО РУВО

Реновираната сала во Битола ја отвораат Пелистер и Металург

Ракометарите ќе имаат можност да ја сефтосаат салата во еден од најспортските градови во Македонија

објавено: 28 март 2017 - 16:16

Спортската сала „Младост“ во Битола е во завршна фаза од реконструкцијата. Новите столчиња се монтираат и за неколку дена треба да блеснат трибините во зелено и бела боја. Освен столчињата, треба да се завршат и уште неколку други работи, но салата ќе биде пуштена и кошаркарите, ракометарите и останатите спортисти ќе добијат многу подобри услови од досегашните. 

Честа први да ја отворат реновираната сала, ќе имаат ракометарите на Пелистер. Во рамките од второто коло во плеј-офот на Суперлигата на Македонија, „зелено-белите“ играат против Металург. Дуелот е закажан за 6 април, а битолчани се надеваат дека сефтето ќе го направат со победа против големиот ривал. 

Најново во Ракомет