ЗАДОВОЛСТВО ВО ТАБОРОТ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

Ристовска: Одигравме два добри меча и трофејот заслужено е наш

Вардар со убедливи 45:19 го победи Металург во финалето на Купот

објавено: 20 мај 2017 - 14:38

Вардар не дозволи никакво изненадување и убедливо го победи Металург во финалето на Купот. Вардаровото крило, Сара Ристовска е задоволна за освоениот трофеј. „Црвено-црните“ во полуфиналето ја победија Гевгелија, а ниту Металург не даде посериозен отпор.

„Одигравме два натпревари со очекувани резултати. Ни беше чест да бидеме дел од Купот. Задоволни што одигравме два добри меча“, рече Ристовска, веднаш по мечот. 

Помошник тренерот на Вардар, Аце Станковски вели дека тимот мора да продолжи во ист ритам и следната сезона да бидат уште подобри.

„Очекувана победа. Играчите си одработија тоа што требаше да одработат. Металург се покажа во добро светло, но не можеше да парира на една поискусна поквалитетна екипа. Трофејот доаѓа во вистински раце. Да продолжиме во исто темпо да работиме, а наредна година да биде уште подобра за нас“, рече Станковски. 

Најново во Ракомет