ТРГНА НОВИОТ РАКОМЕТЕН ПРОЕКТ

„Романтичарите“ ја почнаа ракометната авантура (ФОТО)

Новото освежување во ракометот во Македонија, скопски Работнички ги почна подготовките за сезоната во која имаат највисоки амбиции досега во историјата. Со неколку искусни засилувања, на терен, на клупа и во раководните структури тргнуваат во нова авантура.

објавено: 5 август 2015 - 19:14

Од вкупно 19 ракометари присутни на првиот тренинг, неколкумина се со репрезентативно искуство: Златко Мојсоски, Мите Стоилов, Никола Маркоски, Велко Маркоски. Некои имаат и повеќегодишно суперлигашко искуство, а другите се желни за учење и напредување.

Тренер на екипата е Андон Бошковски, негов помошник Благојче Весиќ, а во управата на клубот се Ристо Чокрев и Ванчо Димовски. Поранешниот репрезентативец, нема да се пензионира туку ќе игра, онолку колку што може.

Првпат во екипата ќе има и интернационалци, Немања Маресниќ и Вања Илиќ, двајцата од Србија. Сите очекуваа на првиот тренинг да се појави и Ренато Вугринец, но неговото доаѓање веројатно ќе биде следните денови. Велко Маркоски поради повреда отсуствува.

Најново во Ракомет