БИТОЛСКО ДЕРБИ ВО 6. КОЛО ОД „ПЛЕЈ-ОФОТ“

Се избегнаа во Купот, но ќе се видат во Суперлигата

Пелистер и Еурофарм Работник попладнево по четврти пат ќе ги измерат силите сезонава во првенството. Засега „фармацевтите" водат 2-1 во победи.

објавено: 9 мај 2018 - 16:00

Битолските суперлигаши Пелистер и Еурофарм Работник претпладнево се избегнаа во ждрепката за полуфиналето во Купот на Македонија, но попладнево (18:30 часот) во салата „Младост" ќе се соочат во „плеј-офот" од Суперлигата.

Во пресрет на стартот на 6. коло, секој бод ќе биде важен особено за Пелистер, кој доколку се радува во дербито ќе се врати во трката за четвртата позиција. Битолските зелени по двете промени на тренерската позиција имаа проблем во пронаоѓањето на својата игра, но по победата во претходното коло сега имаат можност да влезат во серија. Победа над Еурофарм Работник ќе им значи многу не само бодовно, туку и за самодоверба, но и за израмнување на сметките бидејќи „фармацевтите" водат со 2-1 во победи, а и двата триумфи им се во пролетниот дел од сезоната.

Покрај овој натпревар попладнево се среќаваат Вардар и Охрид, додека Металург му гостува на Пролет.

 

Најново во Ракомет