„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ РУТИНСКИ ВО БИТОЛА

„Шарениот“ Вардар го сомле Пелистер

Еден ден по исцрпувачкиот меч со Кил во четвртфиналето на Лигата на шампионите, избраниците на Раул Гонзалез отпатуваа во Битола и одиграа меч со Пелистер во домашното првенство.

објавено: 30 април 2018 - 20:20

Вардарци го демолираа ривалот со 28-43 (14-22) покажувајќи му дека не му е дораснат противник во моментов. Очекувано, Гонзалез ги „измеша" картите за овој меч и им даде одмор на неколкуте првотимци кои добро се испотија против Кил во неделата, но и овој шарен состав ги демолира „зелено-белите".

Најефикасни во скопскиот табор беа Мартин Поповски со осум и Марсениќ и Неданоски со шест, а Стоилов даде четири. Кај пелистерци се истакнаа Јагуриновски со осум и Чантурија со четири погодоци.
Во среда „црвено-црните" ќе играат со Пролет, а во петок ќе се соочат со Металург во рамките на домашното првенство.

Најново во Ракомет