ДЕНЕСКА ЌЕ БИДАТ ПОЗНАТИ ПОЛУФИНАЛИСТИТЕ ВО КУПОТ

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ ЖДРЕПКАТА: Дупло дерби или скопско-битолски дуели?

Вардар, Металург, Еурофарм Работник и Пелистер ќе четорицата полуфиналисти во Купот на Македонија, па како и да ги комбинираме има само две опции – две градски дербиња во полуфиналето или пак скопско-битолски соочувања.

објавено: 9 мај 2018 - 08:00

Денеска во 11 часот во просториите на РФМ ќе се одржи ждрепката за Купот на Македонија и во машка и во женска конкуреција. Ф4 турнирот и за мажите и за дамите е закажан за 19 и 20 мај, а „Спорт-медиа.мк" објави дека салата „Младост" во Битола втора година во низа ќе биде домаќин на Куп завршницата.

Кај мажите статус на плуфиналисти имаат бранителот на трофејот Вардар како и Металург и двата битолски суперлигашки клубови Еурофарм Работник и Пелистер. Па од таму како и да ги комбинираме има само две опции – две градски дербиња во полуфиналето или пак скопско-битолски соочувања.

Што се однесува до дамите Вардар Јуниор, Пелистер и Металург се екипите кои ќе се обидат да му парираат на ЖРК Вардар, иако во таа конкуренција ситуацијата е повеќе од јасна.

Најново во Ракомет