ВАРДАРЦИ СЕ РАСПУШТИЈА

Заминаа дома со полно срце и посакаа: Непобедливи, вака нека биде во 2018 година

Ракометарите на Вардар никогаш не се досадна тема, нивните игри се инспирација не само за фановите, туку и за цела Европа. „Црвено-црните“ се миленици и на земјите од каде што доѓаат. По завршување на обврските за оваа година, тие најавија уште подобри денови по одморот. 

објавено: 15 декември 2017 - 10:00

Годината за паметење полека завршува. По освојување на европската титулата, ракометарите на Вардар не се задоволија само со пехарот, напротив во сезоната во која се бранители играат доминантно и моќно и во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. За тимовите кои настапуваат го регионалното натпреварување е голема чест да играат против Раул Гонзалез и неговите избраници, кои никогаш не се досадна тема.

Нивните игри се инспирација за цела Европа, сите во восхит ги следат, тие што немаат свои претставници во елитното натпреварување посакуваат да го имаат Вардар.

По завршување на последниот меч во оваа година, ракометарите на македонскиот тим заминаа во својот роден крај, но најавија уште подобра година, во која ги чека потешкиот дел. Најпрво да го заверат пласманот во четвртфиналето, а потоа одбрана на тронот. Секако тука е регионалното натпреварување во кое имаат 11 победи во исто толку одиграни натпревари. 

Ви издвојуваме дел од пораките на Вардарци по завршување на мечот со Горење.  

 

Најново во Ракомет