Со "Книга на славните" - ЖРК Вардар ќе остане вечен

ЖРК Вардар ги брои деновите на згаснување, се ближи крајот на ѕвездениот состав, почнува ерата на мрак во женскиот ракомет.

објавено: 15 мај 2018 - 18:41

ЖРК Вардар ги брои деновите на згаснување, се ближи крајот на ѕвездениот состав, почнува ерата на мракот во женскиот ракомет.

За разлика од вчерашниот дочек на ракометарките кој беше оскуден, денеска од клубот информираат дека на нивната адреса стигнале бројни пораки, кои пак ги инспирирало челниците да изготват книга на славни.

"По многуте пораки упатени директно до нашиот клуб и до играчите, и поддршката што постојано ја имаме на социјалните мрежи решивме да им овозможиме на сите наши навивачи да ги запишат своите пораки на подршка и благодарност.

Затоа ќе има „Книга на славните" во која во следниот период ќе биде отворена. Секој ќе може да ги запише своите пораки, желби, поддршка и пред сѐ благодарност за она што ни го овозможија сите ракометарки што настапуваа во изминативе шест сезони

До крајот на сезоната за тимот остануваат уште три натпревари што ќе се играат во СЦ „Јане Сандански".

Книгата ќе биде отворена во периодот од

16 до 20 мај 2018 година

10 - 22 часот - Фан шоп на Вардар во склоп на СЦ „Јане Сандански", соопштија од таборот на ЖРК Вардар.

Најново во Ракомет