„МАКЕДОНСКИ СПОРТ“ ОТКРИВА

Со пари на рака штрајкот во Металург бил „задушен“ пред да почне

На дел од главните предводници на штрајкот дел од долгот им е исплатен на рака, па истиот е „задушен" пред да почне, пишува „Македонски спорт“.

објавено: 17 февруари 2018 - 10:46

Металург и натаму е во долгови во „гуша“, сметката е блокирана, а дел од ракометарите и натаму „молат“ за своите пари. „Македонски спорт“ во своето печатено и интернет издание открива дека најавениот штрајк бил „задушен“ пред да почне, токму и затоа тимот од Автокоманда замина на гостувањето кај ППД Загреб во рамките на СЕХА-лигата.

По заминувањето на неколкумина играчи, на прес-конференцијата по завршување на дуелот со Војводина, стигна „заканата" дека оние ракометари кои останаа во тимот ќе престанат да тренираат и да играат натпревари доколку не им се исплатат заостанатите плати.

„Но „заканата" излезе празен муабет, со оглед на тоа дека според информациите до кои дојде „Македонски спорт" на дел од главните предводници на штрајкот дел од долгот им е исплатен на рака, па истиот е „задушен" пред да почне“, открива единствениот спортски весник кај нас.

Што се однесува до Лино Червар кој остана селектор на Хрватска, тој евентуално би ги посетил „металурзите" за да си ги подмири сметките.

Каква ќе биде иднината на Металург ќе биде познато во оној момент кога од клубот ќе излезат со официјално соопштение...

Најново во Ракомет