НОВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА, СЕ КАКО „ГЛАДИЈАТОРИ“

Сташ Скубе со порака до фановите: Вардар ќе биде силен, сигурен сум во тоа!

Вардар тргна со подготовките за новата сезона. Новите засилувања на македонскиот првак истрчаа во СЦ „Јане Сандански“, најавија дека нема да ги разочараат фановите.  

објавено: 24 јули 2018 - 18:22

Сташ Скубе, Дејан Милосављев, повратникот Сергех Горбок и Дмитри Кисељов истрчаа во СЦ „Јане Сандански“, со мотиви до небо, најавија дека нема да ги разочараат фановите на Вардар.

Словенечкиот репрезентативец, кој доаѓа на местото на Лука Циндриќ, посакува со „црвено-црните“ да одиграат уште една одлична сезона, а ако се прашува тој, тимот ни малку нема да биде послаб и покрај заминувањата на дел од ракометарите.

„Пресреќен сум што сум во Скопје. Дојдов во голем и сериозен тим, се надевам дека ќе играме како минатата година. Иако многу играчи си заминаа од Вардар, но верувам дека ќе имаме силна екипа. Можеби е најдобро кога никој не очекува дека Вардар ќе биде добар како минатата година, јас сум отпимист и како што кажав верувам дека ќе бидеме добри“, ни изјави Скубе.

Знае дека ќе ја има најтешката задача, да го замени Циндриќ. 

„Сите знаеме кој е Лука Циндриќ и како играше, според мене е најдобар среден бек, ќе биде тешко да го заменам, но тука е и Игор, заедно ќе го водиме Вардар во една успешна приказна“.

Најново во Ракомет