КАПИТЕНОТ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ

Стоилов останува верен на Вардар

Македонскиот репрезентативец и капитен на Вардар, Стојанче Стоилов и во следната сезона ќе го носи „црвено-црниот“ дрес. 

објавено: 24 март 2018 - 10:40

Стојанче Стоилов и во следната сезона ќе ја носи капитенската лента на Вардар. Македонскиот репрезентативец го продолжи договорот со актуелниот европски шампион на уште една година, открива „Македонски спорт“. Големиот борец и икона на „Комитите“ е последниот ракометар на листата чија договорна обврска со Вардар завршуваше во јуни.

Од шампионскиот состав на „црвено-црните“ треба да останат Игор Карачиќ, Страхиња Милиќ, Данис Кристопанс, Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Рожерио Мораес, Вуко Борозан, најверојатно и Жоан Кањелас и Иван Чупиќ. На тимот треба да му се приклучат повратникот Сергеј Харбок, а се чекаат потписите на голманот Дејан Милосављев, како и руските репрезентативци Дмитри Кисељев, Дмитри Санталов и Максим Михалин.

Веќе е познато дека Раул Гоназлез го напушта „кормилото“ и се сели во ПСЖ, а на негово место ќе застане Роберто Гарсија Парондо. Следната сезона нема да ги гледаме Арпад Штербик (Веспрем), Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин), Лука Циндриќ (Киелце), Илија Абутовиќ (Рајн Некар) и Хорхе Македа (Пик Сегед).

 

Најново во Ракомет