ВАРДАР Е ОСВОЈУВАЧ НА ПРВИОТ СУПЕР КУП НА МАКЕДОНИЈА

Супер купот како вардарово „загревање“за ЛШ

На домашен терен, во салата „Јане Сандански", „вардарци" го совладаа Еурофарм Работник од Битола со резултат (30:25).

објавено: 12 септември 2017 - 18:36

Ракометарите на Вардар се освојувачи на првиот Супер-куп на Македонија.
Односно едно ново натпреварување што Ракометната Федерација на Македонија премиерно го организира обаа година.
На домашен терен, во салата „Јане Сандански", „вардарци" го совладаа Еурофарм Работник од Битола со резултат (30:25).

Вардар ја имаше контролата над играта и резултатот, па на одмор замина со убедливи (19:12).
Тоа му даде можност плчус на тренерот Раул Гонзалез во вториот дел да испроба и нешто за она што следува, стартот на натпреварите во Лигата на Шампионите каде го бранат шампионскиот пехар.
Kај „црвено-црнитe"најефикасни, со по четири гола беа Шишкарев, Канељас и Кристопанс, додека прв стрелец на Работник, воедно и на натпреварот, со осум постигнати голови беше Ојлевски.

Најново во Ракомет