ПОЧНУВА ОД ВАРДАР И ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

Суперкуп-спектакл во „Јане Сандански“

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра првиот ракометен Суперкуп натпревар. Силите ќе ги одмерат двојниот освојувач на титулите, Вардар и финалистот во Купот на Македонија, Еурофарм Работник. 

објавено: 12 септември 2017 - 14:16

Денеска во СЦ „Јане Сандански" ќе се одигра првиот ракометен Суперкуп натпревар. Силите ќе ги одмерат двојниот освојувач на титулите, Вардар и финалистот во Купот на Македонија, Еурофарм Работник.

За избраниците на Раул Гонзалез ова ќе биде последна проба пред стартот на вистинското - Лигата на шампиони, каде за противник ќе имаат тимот на Висла Плоцк. „Црвено-црните“ влегуваат како голем фаворит, единствен „проблем “за шпанскиот стратег ќе биде изборот на десетте странци кои ќе настапат на овој меч, како што наложуваат пропозициите за мечевите од домашното првенство.

На другата страна Еурофарм Работник има успешна сезона зад себе, се пласираше во Куп-финалето и обезбеди излез во Европа.  

Цената на билетите е 50 денари и може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот.

Најново во Ракомет