Познат е распоредот на вториот дел од домашните првенства

Суперлигата продолжува на крајот од февруари

Вториот дел од натпреварувачката 2016/17 година во домашната машка и женска конкуренција ќе започне викендот на 25. и 26. февруари

објавено: 8 февруари 2017 - 17:30

Домашните ракометни првенства повторно се активираат во февруари, по репрезентативните паузи. Слична е и ситуацијата во Македонија, каде што на крајот од овој месец, односно на 25. и 26. февруари ќе продолжат средбите од домашниот шампионат.

Регуларниот дел кај женската конкуренција ќе трае 14 дена, за потоа да следува плеј-офот, додека, пак фајнл-фор турнирот е предвиеден за 27 и 28 мај. До сега, ЖРК Вардар е единствениот сигурен патник меѓу четворката и речиси сигурен освојувач.

Финишот на регуларниот дел кај мажите, пак ќе биде во последните денови од идниот месец, додека во април ќе се активират плеј-оф и плеј-аут турнирите.

Завршницата на првенството ќе биде на почетокот на јуни, односно на 3. и 4. Во купот, пак, победниците ќе се дознаат во периодот од 19. до 21. мај

Најново во Ракомет