ЕУРОФАРМ РАБОТНИК СО НОВ ДОГОВОР

Талевски останува уште две сезони!

Битолчанецот стави потпис на новиот договор, според кој ќе остане до јуни 2019 година во тимот на Еурофарм Работник.

објавено: 22 јуни 2017 - 20:00

По обновувањето на договорите со Горан Крстевски и Игор Трајковски, Еурофарм Работник во следните две сезони ќе смета на услигите и на средниот бек Стефан Талевски. Битолчанецот стави потпис на новиот договор, според кој ќе остане до јуни 2019 година во тимот на Еурофарм Работник.

На взaемно задоволство денес беше претставен новиот договор, а во името на клубот спортскиот директор Бојан Стефановски изрази задоволство како се развива преодниот рок на битолчани.

Еурофарм Работник најнапред ја осигура иднината на тренерот Андон Бошковски на уште една сезона, а потоа потпиша и со Ојлески, Ивановски и понуди нови договори за Крстевски, Трајковски и Талевски.

Во новата сезона Еурофарм Работник ќе има нов македонски лик и голем дел од ракометарите во ростерот ќе бидат Македонци.

Најново во Ракомет