Голема победа за Охриѓани

Трајковски го реши Пелистер и му донесе голема победа на Охрид

Битолскиот тим со пораз од Охрид со 28:24 ги започна активностите во вториот дел од сезоната

објавено: 3 март 2017 - 19:36

Екипата на Охрид го доби големото ракометно дерби против Пелистер со 28:24 во рамките на првото пролетно коло од македонската Супер лига.

Охриѓани, пред домашните навивачи кои и повеќе од достојно ги пополнија трибините на „Билјанини извори" покажаа повеќе желба за победата.

Првиот дел беше монотон, константно водство на Охрид, кое по 30 минути игра водеше со 16:10. Сепак, гостите од Битола се погрижија за неизвесно продолжение, но, за кратко.
Пелистр успеа да дојде и до негатива од минус еден (22:21), но, благодарение на неколкуте одлични интервенции на голманот Благојче Трајковски, домаќините полека создаваа недостижна предност.

Така, конечниот резултат изнесуваше 28:24, што значеше голема радост за Охриѓани.
Од победничкиот табор се истакна Кезиќ со шест голови, додека Везенковски пет пати ја затресе мрежата на голманот на домаќините.

Оваа голема победа е остварена над конкурентот за самиот врв, па така Охрид сега има 34 бодови по 15 одиграни кола и токму со Пелистер се на делба на првото место.

Најново во Ракомет